Не ми седнувај на кревет со алишта од надвор

„Соблечи ги панталоните” не е секогаш дел од предигра.

Колку од вас ги лазат морници кога ќе дојде некој до креветот каде што спиете (дома, на одмор кај вас во соба, на гости) и ќе ви СЕДНЕ на него, така гаден?

Никој не го знае порталот Таун енд Кантри Магазин, ама таму си најдовме сродна душа по број на добиени шокови на оваа тема.

Сузан Шејн на дечковците што ги носи дома, така им вика:

„'Соблекувај ги панталоните,' наредувам. Кога ќе го кажам ова, дечкото што ми е во спална ме гледа со емоција што се граничи со зачуденост и сексуална возбуда.

Да го исечам второто од старт, научив набрзинка да ја објаснувам наредбата со уште една изјава: 'Нема да спијам со тебе, ама не може да ми седиш на кревет со алишта од улица.'

После тоа следува разговор за моите необични барања, кои инаку гласат дека само чисти нешта, од ташни, до човечки суштества смеат да ми го допрат креветот. Ни куфер, ни ташна што била на под. Не седнувам ни јас кога сум валкана; јас сум чудната цимерка што се тушира кога ќе се прибере дома после кафич.

А сигурно не загадени луѓе со нивната загадена облека.

И секогаш сум изненадена кога моето барање ги зачудува гостите. Мислам, зошто би дозволиле алишта од улица на кревет?

Вака тоа се објаснува;

Само замисли каде сè ти била облеката. На седиште во автобус, на градска клупа, на шанк-столче. Сега замисли кој сè друг бил на тие седишта, клупи и столчиња. Би ги поканиле нив во кревет? Така и си мислев.

Што и да мислите, немам стравови од некакви вируси, болви или слично, но не ги ни занемарувам. Едноставно не можам да ја поднесам идејата да ризикувам креветот да ми биде полн со нешто гадно и потенцијално опасно.

Еднаш, моите другарки сакаа да видат колку сум сериозна за правилото. Бевме во Нешвил. Две другарки и јас останавме малку подоцна од другите и во обид да не разбуди никого, една другарка отиде во спалната да ни ги земе пижамите на сите.

Ми ги донесе хеланките што ги носев во авион. Авионски алишта се најлоши. Не можам ни да замислам колку гадни алишта за патување и тела биле стиснати во тие седишта.

Мора да ми се читало од изразот на лицето затоа што ме прашаа што е проблемот. 'Тоа се хеланки од улица,' реков со гадење. Глупоста на мојот одговор и можда милион-те вотки што ги испивме, нè помочаа од смеење. Тоа ги разбуди останатите, и ме принудија да го објаснам мојот коментар пред сите.

Мислам дека мојот страв од 'седнат' кревет потекнува од фактот што на улица имам видено ствари што никогаш не сакам да ми го допрат креветот. Или можеби затоа што мајка ми е Јапонка и во нашата култура, луѓето се бањаат пред да си легнат - не само за да се опуштат, туку и да им биде креветот чист. А можеби и затоа што сум живеела во неколку гарсоњери, каде што креветот ми бил единствен мебел.

Во основа сепак, се плашам затоа што креветот ми е светилиште. Сакам да се гушкам на него, знаејќи дека на него има бактерии само од мене и од луѓе што сум ги поканила во него.

Сега кога го прочитавте ова, веројатно ве расипав засекогаш. Баш ми е гајле. Кога го објаснувам ова по луѓе, како да им се вклучува сијаличка. Многу од нив почнуваат како мене. Веројатно имам конвертирано десетици луѓе низ годините (повелете и друг пат).

А дечките што ги носам дома со мене? Ни тие не се пожалиле.”

-Сузан Шаин

29 мај 2019 - 19:15