Може ли на раат да си блокирам луѓе на социјални мрежи?

Зошто некои луѓе се трудат да ми објаснат дека блокирање на овие токсични луѓе е погрешно?

Пишува Меган Уј, за Космополитен.

Иако мојата дефиниција за грижа за себе порано вклучуваше кофа сладолед и No Strings Attached на рипит, сега го сметам блокирањето луѓе на социјални мрежи како најдобар подарок што можам да си го дозволам за себе. Бидејќи, ако сум искрена, не, не сакам да гледам селфиња од таа една поранешна другарка што јавно ме понижи на факултет, затоа што почна да ми се допаѓа нејзиниот симпатија. И не би сакала да имам пристап до оној 22-годишен недораснат тип со кој се мував два месеци и постојано ми ветуваше дека ќе „биде подобар“, па потоа ми донесе друга девојка на мојот роденден. И спиеше со заедничка другарка. Или таа рандом, убава микро-инфлуенсерка чии слики поранешниот дечко упорно ги лајка - патем, таа ми нема ништо згрешено и не знае дека постојам, ама ме тера да се сомневам во мојот физички изглед и самодоверба.

И не, едноставен мјут не е исто. Мјут-от е направен за некои челични луѓе. Јас немам сила да ги кријам содржините на овие токсични луѓе, ниту да ги отследувам во надеж дека никогаш нема да ги побарам сама. Не ми е доволно. Не му е доволно на моето ментално здравје. Моите внатрешни демони ми кажуваат дека морам да ги знам имињата на миленичињата на дечковците од средно, или да знам сè за хотелот каде што бил тој еден што не ми враќаше на пораки. Покрај сето тоа, не сакам сите овие да имаат пристап до мене. Тој 22-годишниот недораснат не заслужува да гледа што правам секој ден, кога сè што направил е да ми биде стресно и неудобно. На социјалните мрежи, ова е еквивалент на тоа некој да го снема од лицето на земјата, а јас да му кажам - збогум.

Оној момент кога ќе видам стори од микро-инфуленсерка што не знае дека постојам и во истата секунда ќе зовријам од непотребен бес, знам дека таа (и секој што ми предизвикува да ми биде така) мора да лета.

Па затоа, кажете ми зошто некои луѓе се трудат да ми објаснат дека блокирање на овие токсични луѓе е погрешно? Многу мои пријатели ми велат дека претерувам и дека сум драматична кога ќе блокирам некого затоа што било „злобно“ и „изгледало“ огорчено. И може да е така. Но, ако контрол-фрикот што ѝ е бивши дечко на другарка ми мисли дека сум безобразна што сум го блокирала, не ми е гајле. За што ми е гајле? За мене и мојот ум.

Фрустрирачки е да мора да се брани уметноста на блокирањето секој пат. Не треба на никој тоа да му биде важно освен на мене. И да кажам уште еден важен факт: Не е погрешно да се изберам себе, дури и тоа да значи преземање иницијативи што можеби не се социјално прифатливи. Да, може да изгледа како да сум ситна душа. Мислам дека ако некој суди за тоа, причината е што нема волја да размисли за луѓето на кои можеби им згрешил во минатото. Но, ни треба нов начин на размислуваање: Блокирањето не е за тој што се блокира, туку за тој што блокира.

Не е до тебе, до мене е. До моето ментално здравје.

Сфаќам, не е многу пријатно да знаеш дека некој не сака апсолутно ништо со тебе. Сум била и на другата страна. Не ми беше пријатно кога еден бивши, за кој сметав дека ми е љубовта на животот, во еден момент реши да ме протера од сите негови профили - особено кога и ни раскинувањето не беше лошо. Бев збунета и на некој начин се чувствував предадено.

Но!

Го разбрав.

И ако ништо друго, бев благодарна што го направи тоа, затоа што ќе ми беше тешко да му го гледам нормалниот живот без мене. Може и тој така размислувал, и нема да дознаам - и прифатив дека нема ни потреба да знам.

Нè воспитуваат да веруваме дека „убивање со љубезност“ е вистинскиот начин да се справиме со непријателите, и да бидеме „попаметниот попушта“, и да „не се спуштаме на нивно ниво“ и дека тоа сè ќе реши. Значи ли тоа дека треба да се измачувам и да гледам луѓе што ме заебале, затоа што „тоа е пофиниот начин“? Иако ми било тешко и сум била непочитувана? Зошто да мислам на нечии чувства кога тој не мислел на моите?

Блокирањето ми ја враќало моќта во времиња кога сум мислела дека комплетно сум ја изгубила. И никој не може да ме натера да ми биде незгодно поради тоа.

27 декември 2022 - 12:15