Кратка историја на амајлиите со скапоцени камења

Шарените драги и полудраги камења и кристали се користеле низ целата човечка историја и спиритуално и естетски.

Со векови, овие природни куриозитети се собираат од земјата и се вметнуваат во интимни предмети кои често имаат амајлиски (заштитни) или лековити својства кога се носат на себе, во рака или едноставно се држат.

Од антички Рим и статуетки од аметист, преку шармантни митски суштества резбани од жад, па до прстен со шкорпија со крвав камен, кураторката на музејот Викторија и Алберт, Софи Морис нè шета по историјата на амајлиите и го открива нивното скриено значење, магичните атрибути и издржливоста.

Кратко филмче за мерак.

7 април 2023 - 00:00