Замислете го следното сценарио: многу заразен и во некои случаи смртоносен вирус инфицира луѓе по прв пат. Брзо се шири на глобално ниво и СЗО објавува пандемија. Стапката на смртност почнува да расте и сите се прашуваат едно исто прашање: Кога ќе заврши ова гомно?
Се разбира ништо од ова не мора да се замисли, кога веќе сме во сред него, и се уморивме од прашување едни те исти прашања. Бидејќи и патувањата станаа горе-долу можни, и еден куп луѓе испоотидоа и по одмори, остануваат варијации на прашањето: Кога ќе престанеме да броиме, кога ќе престанеме да се тероризираме со нови и лоши вести и кога, конечно, сето ова ќе заврши, а корона ќе се спомнува само во „леле, лани ова време во корона бевме“, или нешто подоцна „Леле, ти текнува корона кога имаше?“?
Има три стратегии.