Ќе ве фаќа ли шубе ако имате неограничени денови за одмор?

По свет постои нешто што се вика Unlimited vacation time. Го прават нови, современи компании и стартапи, под претпоставка дека луѓето што се вистински среќни на работа, нема да го злоупотребуваат тоа. И замислете, стварно им излегува така на крај. Не виделе они Македонци.

Ова го популаризираше Ричард Бренсон, и се покажа паметно: некои истражувања покажуваат вработените со неограничени денови за одмор земаат помалку - 13 наместо 15 во просек. За многу од нив, овој плус во описот на работното место изгледа предобар за да биде вистинит.

Даглас Лабиер, бизнис-психолог и директор на центар за прогресивен развој, вели дека делумно предизвикот е јазот меѓу што компаниите сакаат да претставуваат, наспроти вредностите кои произлегуваат од нивните дела. „Како да има притисок да се направи работната култура попријатна, тимски-ориентирана култура која промовира и наградува иновација и креативност, и која се судира со старите политики на команда и контрола,” вели Лабиер. „Значи ако една култура била потрадиционална, па ќе каже дека воведува неограничен одмор, може да се наиде на проблеми.” Не е до тоа дека вработените не би биле благодарни, туку не се навикнати, а развој во непознат правец - а во познато опкружување може да изгледа страшно.

За да може ваквата политика да биде сфатена сериозно, компаниите мораат да промовираат култура што прави слободното време не само да изгледа можно, туку и добредојдено. „Менаџерската култура мора да сумира што тоа ќе значи во однос на вредностите, и плус дали ќе биде тоа автентично за неа. Ако е автентично тогаш нема да ти биде толку шубе што земаш толку слободни денови.”

За многумина, балансот меѓу премногу и премалку структура е доста тенка линија: науката налага дека повеќето луѓе не сакаат престроги или прелабави правила. Најудобно ни е со умереност: јасни правила, но дозволена флексибилност. Иако автономијата е важна, не е поважна од јасните очекувања.

Неколку компании веќе имаат преземено чекори за да дадат правец: во Еверноут, вработените што нема да земат барем недела одмор, добиваат 1000 долари бонус, а една германска софтверска компанија, Травиц ЦИ има „политика за минимум одмор”, која од вработените бара да земат барем 25 дена годишно.

Гледате ли вие дека по свет има компании што те тераат да земеш одмор?

Кај нас уште враќаат К-15 на рака.

27 јуни 2018 - 14:53