Јакутија е најстудениот населен регион на планетата. Овде, предизвикувајќи го кај остатокот од светот прашањето „што бре не си идете?!“ секој ден е постојана борба со смрзнувачките температури кои знаат да се спуштат и до -71. Барем, зимно време.
Минус седумдесет и еден степен!
Без адекватна облека, студот ти влегува во коски и се заканува по живот и никој не излегува, освен ако не мора. Овде пишувавме како воопшто се функционира на вакви температури, и не е ова деветти круг на пеколот каде што 365 дена во годината е мраз, зимата им трае колку нашата, само им е пострашна. Имаат дури и пазар за месо на отворено, со тоа што природно немаат проблеми со одржување на свежина.
Но, што правиме со street style? Разликата со Скопје и Јакутск е што, ако минатата недела во Скопје се преценивте и излеговте со нешто потенко, веројатно ви било ладно, дури еве, и сте настинале.
Во Јакутск ако не пазиш како си облечен ќе умреш.