Во Д Сан, поранешниот водител на Топ Гир им кажа на читателите дека ја мрази Маркл „не како Никола Стурџн или Роуз Вест“ туку „на клеточно ниво“.
„Навечер не можам да спијам, лежам и чкртам со забите и сонувам за денот кога ќе ја натераат да парадира гола низ улиците на секој град во Британија, додека насобраниот народ вика „Срам!“ и фрла измет по неа,“ ќе претера Кларксон.
Дури и ќерка му се побуни и на Инстаграм појасни дека е против сè што татко ѝ напишал за Меган Маркл и дека ги подржува тие што се мета на онлајн омраза.
Сега името на Кларксон е тренд на Гугл со 200.000 нови пребарувања. И беше принуден да се извини.
„Оф, леле. Претерав,“ пиша во твит. „Во колумна што ја напишав за Меган, направив трапава референца за една сцена во Игра на тронови и ова лошо помина кај многу луѓе. Ужаснат сум што предизвикав толку болка и ќе бидам повнимателен во иднина.“
Извинувањето, се разбира, не поминува добро, а активистот за спречување на семејно насилство, Дејвид Чален му одговори:
„Нема ништо трапаво во мизогината намера што ја има во твоите зборови, Џереми. Не се криј зад телевизиска референца, рече дека Маркл ‘употребила живописни ветувања во спална за да го претвори Хари во војник на освестените.‘ Дури и ќерка ти вика дека е ова мизогинија и силеџиство.“
Во последниве две години, Кларксон ја има нападнато Маркл барем седум пати во колумни или на телевизија. После интервјуто со Опра, напиша „будалеста мала глумица од кабелска“ и ја обвини за „глумење жртва“ во друга колумна за Д Сан.
Инаку, на прашањето зошто ја мрази баш и нема конкретен одговор, не се никако поврзани. Грациа тврди дека е опседнат, исто како и Пирс Морган кој пак „не може да се помири дека Меган го игнорира“ и дека мора да разбере дека постои штета во злобно таргетирање популарни жени, дури и кога се исплати финансиски затоа што таблоидите ќе те спомнуваат.
Она што пак, навивачите на Маркл никако не можат да го сфатат, уште од моментот кога се објави дека е во врска со принцот Хари, е дека негодувањето на фактот што излегува од фрижидер не мора да значи дека се работи ни за омраза, ни за расизам. Едноставно знае и да здосади кога некој е упорен да ти зборува за неинтересни луѓе.