Долго време, депресијата ја разбиравме, а и на луѓето што ја добиваа како дијагноза им се кажуваше дека е предизвикана од хемиски дисбаланс во мозокот, кога тој едноставно не произведува доволно серотонин - хемикалијата за среќа.
Но, големо ново истражување и преглед на десетици студии на темава заклучува дека тоа - не мора да значи.
Она што има поголема врска со оваа состојба е (кој би рекол!) - негативни животни настани кои ти го влошуваат расположението, според Универзити Колеџ Лондон.
Прегледувањето дава нова форма на начинот на кој се третира депресијата, велат од УКЛ, иако други од фелата тврдат дека идејата депресијата да може да се сведе на едноставен хемиски дисбаланс е веќе застарена, но сепак истакнуваат дека антидепресивите остануваат како корисна опција во комбинација со разговор со стручно лице.
Меѓу 7,3-те милиони Британци што примаат антидепресиви, верувањето дека имаат хемиски дисбаланс може да доведе до песимистички поглед на животот и тоа им ја уништува волјата за барање помош.
„Мислам дека може да се каже дека голем дел од истражувањата спроведени низ неколку децении откриваат дека нема убедлив доказ дека депресијата е предизвикана од абнормалности на серотонинот, особено не од пониски нивоа или намалена активност на серотонинот,“ вели водечкиот автор на истражувањето Џоана Монкриф, професор по психијатрија на УКЛ.