Азедин Алаја во спот на Мајкл Џексон

Од позначајните учесници во спотот на Мајкл Џексон за In The Closet, сега фалат минимум двајца. Затоа што, тоа што го носи Наоми Кембел тука (и е многу, многу згодна) е Алаја.

Светот деновиве жали по Азедин Алаја, еден од највлијателните дизајнери на 20-тиот век, што минатата недела почина на 77-годишна возраст. Сите портали што покриваат мода му оддадоа почит, што со ретроспектива на ревии, што со најдобрите парчиња, или ретки фотографии. Ние прво ќе ве потсетиме дека некои од нас помалите со Алаја се запознаа од култната сцена во Clueless кога Шер ја ограбуваат со пиштол.

„He's like, a totally important designer.”

И после, ќе ја погледнеме Наоми, во мали, но сосема задоволителни парчиња - исто така на Алаја.

27 ноември 2017 - 10:17