Новиот Kia Sorento ги елиминира слепите точки на возачот со помош на дигиталната инструмент табла

Kia откри детали за иновативната технологија Blind-Spot View Monitor во новиот Sorento. Овој систем има примена како втор пар на очи за возачот, прикажувајќи видео од слепите точки во рамките на дигиталниот екран на инструмент таблата.

- Системот Blind-Spot View Monitor прикажува видео со висока резолуција на инструмент таблата пред возачот

- Помага на возачот да одбегне возила сокриени во слепите точки

- Камерите од овој систем се користат и во новата Surround View Monitor технологија која помага при паркирање

Новиот Sorento е привот Kia автомобил во Европа што се нуди со оваа напредна технологија за помош при возење. Овој систем е достапен заедно со новата „Supervision“ инструмент табла, која има висока резолуција и дијагонала од 12,3 инчи.

Blind-Spot View Monitor прикажува видео со висока резолуција од левата или десната страна на дисплејот ако возачот сака да ја промени лентата. Видеото од слепите точки накратко го зазема местото на приказ на брзиномерот или на тахометарот. Сликата доаѓа од дискретните камери со широк агол, со висока резолуција, кои се скриени во куќиштата на ретровизорите на вратата. Истите обезбедуваат поширок агол на гледање од самите ретровизори за да им овозможат на возачите јасен преглед на другото возило.

BVM технологијата на Kia им се нуди на европските купувачи во Sorento, како дел од пакетот кој вклучува Surround View Monitor и Parking Collision-Avoidance Assist (PCA) (PCA), кои овозможуваат помош при возење и при паркирање, како и Bose висококвалитетен аудио систем. Овој пакет технологии е достапен за европските возила опремени со функцијата Blind-Spot Collision-Avoidance Assist која им помага на возачите да избегнуваат судир со возила од слепата точка и интервенираат доколку е потребно.

Комплетно дигитална инструмент табла

Дигиталната „Supervision“ на Kia е дизајнирана да им доставува информации на возачите што е можно појасно. Со дисплеј со резолуција од 1920x720 пиксели, дигиталната инструмент табла ги заменува конвенционалните показатели на брзинометар и тахометар со единечен, лесен дисплеј, во кој се вклучени дигитални показатели за брзина на возилото и моторот.

Мултифункционалниот дисплеј прикажува упатства за навигацијата, информации за аудиото и детални информации за патувањето, како и предупредувања и известувања што се појавуваат поврзани со различните активни технологии за безбедност.

(Комерцијален текст)

11 мај 2020 - 08:07