Tha Titanium со нов албум

Tha Titanium e рап состав кој доаѓа од Прилеп. Членови се Петар Кузмановски ака El 'Borracho (MC) и Христијан Ристески ака RickBeatZ (продуцент). На хипхоп сцената се веќе 4 години, по нивниот прв албум "Проект 22". После 2 години Титаниум уште еднаш се појавуваат на диск, но овој пат со нивниот најнов албум "ТТрометеј". "ТТрометеј е повеќе од албум за нас, ТТрометеј претставува идеологија, искра и жар во срцата на секој што помогнал било како во изработка на овој голем проект". Албумот содржи 21 песна во кој како гости се појавуваат Кискинов, Хроник, Аго, ДЈ Гоце САФ, Urban Minds, Raw N Wicked, Алек НРС, Poppa G, CrimeTime и Ice D.

Промоцијата ќе се одржи на 27ми Април (сабота) во Прилеп во Tabu со почеток од 22 ч. Гости на настанот ќе бидат Кискинов, Хроник и Raw N Wicked. Албумот ќе се продава по цена од 100 денари.

20 април 2013 - 11:27