Песната која ги победи Адел, Хери Стајлс, Бијонсе, Тејлор Свифт и Лизо
Многу неочекувано, последното Греми за најдобра песна во годината го однесе ветеранката Бони Реит со песната „Just Like That“. Видно збунета, рече дека моментот ѝ е многу надреален. Збунетоста не ќе да е фејк, особено што таа лани доби награда за животно остварување, нешто што се добива на крајот од патот. Но, патот за неа, ете, продолжува.