Папаз и Танче: Спомени

Спомени е новиот сингл и воедно најава, за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски. Емотивна и елегична мелодија отсвирена само од саксофон и гитара.

Автор на музиката е Горан Папаз а за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски.

Папаз и Танче со полна пареа го спремаат новиот проект кој ќе носи наслов“Елегија”, на истиот ќе се најдат десетина композиции, авторски и преработки на изворни елегични македонски песни.

28 март 2019 - 15:14