Бендовите од двете гаражи кои повеќе од 20 години создаваат македонска андерграунд музика ве покануваат на одлична, бескомпромисно жустра журка, каде ќе се дочека празникот 13-ти Ноември.
Целта е преку музика од легендите на скопскиот андерграунд звук да се ослободи Скопје од кичерајот и шундот кои го држат под окупација.
Ова е прва година на фестивалот за кој се надеваме да стане традиционален и да порасне во позната скопска приказна за урбаниот подземен звук и борба.
Цената на картата е 250 денари, програмата започнува од 19:00 часот.