Додека безгласно ги береме плодовите на неговите историски предавства, додека во државата со сменето име е забрането официјално да се комуницира Македонија ама не и Ванчо Михајлов, додека по земјата ни крстарат Бугари и нè мочаат од керамиди а од Србија чекаме вакцини, пченица, зејтин... ќе го побара ли некој човеков, чисто да го праша како е, да не треба нешто, да не има нешто ново да ни открие за Смилковско, за Никола Младенов, за датумот, за инвестициите на Фејсбук и Гугл...