Патакот во интервјуа некогаш знаеше да биде дрчен, да гунѓа, да е незадоволен од третманот... просто, да го има „малку премногу“. Денес е сторен прав поглавица: мек и стишан, ненаметливо мудар, комплетно во синк со тоналитетот на своите емоции. Убаво интервју за една бугарска телевизија во кое новинарката (иако со ужасна дикција!) знае да постави вистинско прашање и потоа да му го препушти лулето на „Бикот со жичана душа“. Повеќе
По кратка пауза од 20 и кусур години, еве ти ги нив со нова песна. Па уште и добра, јака, асфалтна, како некогаш. Го зачувале стариот оган, уиграни како што ги памтиме. Енко ја гони песната во галоп, Сецко не ѝ дава да мрдне ни лево ни десно. Дечки, има да се рокаат газови на ова во живо! Повеќе
Бугарски тинејџер и гејмер сака да стане Јутјубер ама по дома има еден створ кој јако го минира. А заебан е тоа трол, му се појавува по гаќи таман толку колку да му го уништи кадарот а притоа да не му се види лицето. Како и за секој бугарски клип, и за овој упатството е исто: да се пушта на рипит додека репликата не се научи на памет! Повеќе