
Младиот Белевски се закити со златен медал, а доби награда и да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала “Carnegie Hall“ во Њујорк.
Алексеј Белевски беше оценуван од 12 члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и Кина.
Ова е негов настап пред две години на меѓународното пијано натпреварување “Даворин Јенко“ кадешто исто така освои прва награда.