Метаверзумот на Коста Петров

Фондот за иновации и неговата разгалена врвост Коста Петров (заради чие кенкање да биде таму го прекомандуваа Јово Деспотовски во ТИРЗ), не фукнале пари само за пица туку и за сајт на кој ќе имало место, не за една, туку за минимум пет компании.

ФИТР решил да даде два милиона и сто девеесет илјади денари за интернет сајт (кој нагалено го викаат платформа) на кој „ќе бидат присутни минимум 5 македонски производители!“

Целото објаснување е едно такво шарено НИШТО (современи дигитални решенија, пристап до странски пазари, бесплатен маркетинг...) што бадијала е да се коментира и само глуп човек може да помисли дека зад тие помпезни формулации зборови стои нешто битно. 

Дечки, и ние имаме правено сајтови (кои нагалено не ги викавме платформи), ама никогаш не ни текнало дека можело вака да се земаат барем десеткратно повеќе пари отколку што е тоа реално.

Кили, кажи им:

********

За пицата, види во:

ФИТР ја финансира „тајната римска пица“

 

5 декември 2021 - 12:30