ФИТР ја финансира „тајната римска пица“

Скриншот од Фондот за иновации:

Има таму објаснувања дека се работело за 100% природни состојки без адитиви и отрови (ајде?) и дека тестото било од „био-брашна“ (пошто другиве теста се ваљда од дизел- брашна), ама пак ни остануваат две прашања:

  • Зошто старите Римјани би имале рецепт за тесто што би го третирале како тајна? За инат на Етрурците и Египќаните, да им се дуе стомакот кога ќе јадат тесто со не баш био -брашна?
  • Римската тајна за тестото за пица останала неоткриена цели два милениума на оваа љубопитна планета, само затоа што досега не се јавил јунак како ФИТР да плати што треба (36.000 евра) за ние први да ја дознаеме?

Еве од нас (гратис) еден рецепт за пинса романа (пинса значи растегната и алудира на обликот кој е меѓу пица и фокача; за материјал се користи микс од пченично, соино и оризово брашно) 

 

2 декември 2021 - 16:44