Меморијален гејминг турнир за Ниџо

Чест ни е да ве известиме дека на 01.07.2017 год. ќе се оддржи турнир во Call of Duty 2 во чест на нашиот драг пријател, колега и брат Никола Поповски кој на 02.12.2010 год го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.

Освен што е меморијален, ќе биде и од хуманитарен карактер, средствата што ќе се соберат од турнирот ќе одат како помош за лица со епилепсија. Право на учество имаат сите кои сакаат да се забавуваат, да оддадат почит или пак да помогнат материјално на лицата со епилепсија.

повеќе

19 јуни 2017 - 11:10