Фројдовски грешки на косовските политичари

Премиерот Албин Курти:

„Како прво, на Косово не постојат српски општини. Нема ни албански, ни српски општини. Има општини во кои мнозинство се Албанци, има во кои тоа се Срби. Но, нема српски општини. Нема такви. Општините им припаѓаат на граѓаните. Нема општини по национална припадност“.

Ќе беше тоа фина и прецизна лекција на Курти за граѓански суверенитет која веднаш би ја потпишале и би почнале да веруваме дека Косово отишло напред во поимањето на работите.

Ако пред некој ден во посета на Македонија не дојде претседателката на Косово, Вјоса Османи.

И ги поздрави „албанските општини“ во Македонија.

„Додека бев во Тетово, се сретнав со градоначалниците на албанските општини во Северна Македонија.“

Тоа.

 

 

29 април 2023 - 20:16