Филипче, викаш СЕГА се влошува?

До изборите, тоа се викаше соочување со реалноста и прифаќање на новото нормално.

Летото е зад нас - рече Филипче. Се потрошија ваучерите за одмори. Буџетот се испразни. Владата си овезбеди нов мандат. Сега ќе почнат заострени дисциплински режими. Пак е народот крив, тие нè чуваат од нас самите. Ама селективно. Кој е недопирлив за законот и натаму ќе си тера по свое. Адвокати на теории на заговор има сè повеќе затоа што никој не им верува. Така, сите сме фатени во ѓаволскиот круг.

Билјана Ванковска

22 септември 2020 - 20:58