UWC е ланец на 18 средни училишта („колеџи“) низ 4 континенти, во држави како САД, Германија, Канада, Кина, Сингапур или Танзанија (целосната листа е тука). Типичната генерација на еден од колеџите се состои од 100 средношколци од 70+ различни држави.
Секоја година, македонскиот комитет доделува 8-12 стипендии за средношколци од целата држава да поминат две години на еден од 18-те кампуси.
Апликациската сезона за оваа година е отворена, и рокот за аплицирање е 15 ноември. Ќе има и информативни сесии секој викенд до рокот во кои можете да чуете повеќе.
Колку чини образование на UWC?
За образование на UWC се достапни целосни стипендии, базирани на потребите на семејствата на успешни кандидати.
Што се учи на UWC?
На секој од 18-те колеџи се учи двегодишната Меѓународна матура (на англиски, International Baccalaureate). Оваа диплома е меѓународно признаена и е достапна и во македонски средни училишта (како СУГС Јосип Броз Тито). Наставната програма се состои од шест групи на предмети од кои учениците бираат по еден: мајчин јазик, втор јазик, општествена наука, природна наука, математика и уметност.
Кој може да аплицира за UWC?
Средношколци во втора или трета година средно може да аплицираат.
Како изгледа апликацијата?
Апликацијата се состои од 7 кратки прашања и 2 есеи. Можете да ја најдете на овој линк. Рокот за аплицирање е 15 ноември (недела).
Како изгледа остатокот на селекцискиот процес?
По оценување на апликацијата, успешните кандидати се поканети на дополнителни интервјуа во живо (во текот на првата недела на јануари) и онлајн (на почетокот на февруари).
Каде можам да се информирам повеќе?
Одржуваме информативни сесии на Зум секоја недела до рокот за аплицирање. Тука можете да го најдете распоредот на инфо сесии годинава; сите од нив ќе бидат одржани на овој Зум линк (лозинка: 2022). Сите се добредојдени на инфо сесиите – средношколци, професори, родители и заинтересирани.