Концерт на С.А.Ф. Денес!

Култната македонска хип-хоп група – С.А.Ф., денес (14.09.2022) има ексклузивен концерт во Станица 26. Картите се бесплатни за најбрзите 200 фанови. Сè што треба да направат за да ја подигнат својата карта е да донесат примерок од албум на С.А.Ф (Оригиналното ЦД или винил издание) или карта од концертите од 2001-ва или 2015-та.

Местото за подигнување на билетите е новиот IT хаб – Netaville, лоциран на адреса Никола Тесла 9, во Скопје – спроти технолошки факултет (види мапа). Време на подигнување од 14:00 до 20:00 часот.

Почетокот на настанот е закажан за 21:00, a лимитиран број на карти ќе можат да се купат и на влезот во Станица 26 по цена од 600 денари.

Поводот за овој концерт е најавата на реизданието на албумот Сафизам. Станува збор за колекционерска едиција составена од 7 плочи на кои се содржат нивните класици. Изданието е збогатено со уметноста на стрип цртачот Здравко Гиров кој ги илустрираше песните и хип-хоп хероите Смилен, Гоце и Пикисипи како стрип јунаци.

Изданието е поддржано од Нетцетера, а ќе можете официјално да го имате во својата колекција почнувајќи од 1-ви октомври, каде ќе
се презентира во детали на Skopje Vinyl Convention во МКЦ.

14 септември 2022 - 17:10