ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА ЗЛАТНА БУБАМАРА - 17
Најпопуларната и најочекувана манифестација од нашата ПОРАНЕШНА и СЕГАШНА ЗЕМЈА, ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА го најавува 17 издание со еколошки монетарен слоган:
ОД ПАРИ СЕ ЖИВЕЕ - НЕ ОД ВОЗДУХ!
Во третата недела на февруари традиционално по 17 пат ќе се оддржи спектакуларното доделување во кое организаторот ги обврзува сите посетители и учесници да бидат во текот со времето (современи), да користат голема АВТО ЦЕНЗУРА и на настанот да дојдат без своите АВТОМОБИЛИ ....
Чистиот воздух и мирната душа се потреба во секое хумано опшество, и додека го чекаме тој убав ден, бараме да ќутите, слушате радио и дишете по дома.
Од штабот на популарното Радио Бубамара најавуваат дека овој голем медиумски празничен ден, повторно ќе биде во знакот на непредлива сатира, пристоен хумор, добра музика и аплаузи за сите добитници меѓу кој и најголемите македонски и балкански ѕвезди.
Ранко Петровиќ автор и режисер на ЗЛАТНА БУБАМАРА:
Златна бубамара секогаш во свој препознатлив стил ја прераскажува изминатата година, ја дијагностицира и лекува нашата реалности и опшествена стварност. Во измнинатите години создававме тематски различни идеолошки бубамари: затворска, транзициска, европејска, романтична, барокна, малерозна, социјалистичка.
Билетите ќе се продаваат од 12.јануари преку МКТИКЕТС.