Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

За промена на името некои имаат добиено 150 милиони евра

27 октомври 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Tрагите на парите кои водат до Преспанскиот договор имаат сериозен потенцијал да ја компромитираат „генијалноста и брилијантноста“ на дипломатската вештина употребена за негово креирање, пишува Јасминка Павловска во МКД.мк.
  • Порталот потсетува на неколку децениската генеза на „случајот со името“ кој почна со шпекулации за „скромно“ мито од еден милион евра за на крај да се најде човек и група кои тоа ќе го направат, само за многу повеќе.
  • Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој не потпиша ниту еден од указите на законите поврзани со имплементација на Преспанскиот договор, што практично значеше менување на името на државата, на една амабасадорска трибина, минатата година изјави дека прашањето за нас е премногу емотивно, а позадината е геополитика и геостратегија. Притоа отвори и еден аспект дека промената на името на држава се одвивала преку еден комерцијален процес, во кој поминале 150 милиони евра.
  • „Тоа не е ниту политички, ниту правен, туку е комерцијален процес. Во прашање се големи пари, а новинарите нека истражуваат која е сумата што е платена за да се промени името, да се откажеме од најскапиот бренд во историјата на човештвото кој сега ѝ носи приход на друга земја“, рече Иванов на трибината.
  • Во времето кога се „готвеше“ Преспанскиот договор, грчките медиуми обелоденија афера за црните фондови на грчката влада (50 милиони евра) за финансирање проекти во Македонија и во Албанија  „за позитивни написи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси“.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Многу музика од малку мастраф

Клозетска муза

Добро ве најдовме

Mакедонштино, некогаш претешка си за трпење

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy