- Од 2012 година до 2021 година, со исклучок на 2019 година, постојано се зголемувал апсолутниот износ што се префрлал за да може нормално да се исплатат пензиите.
- Планирениот износ во 2022 година е за 71 процент поголем од трансферот во 2012 година.
- Вкупниот износ на прите што државата ги префрлила во Фондот на ПИОМ во последните 10 години е 4,2 милијарди евра.
- Србија прогласи највисоко „црвено“ ниво на готовност поради терористичка закана откако малолетник од Шабац синоќа со нож нападнал припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград. Полицискиот службеник дејствувал во самоодбрана и го убил напаѓачот.
- Според српското МВР, малолетникот извикал „Алаху Акбар“, со два ножа го нападнал полицискиот службеник и го ранил во лицето.
- Министерот за внатрешни Ивица Дачиќ изјави дека безбедносните служби го следеле малолетникот поради сомневања за поврзаност со групата „Исламска држава“.
- Прогласувањето на „црвено“ ниво на терористичка закана подразбира зголемено присуство на вооружени полициски патроли на улиците, и засилено обезбедување на трговски центри, железнички и автобуски станици, аеродроми и дипломатски претставништва. На клучните локации низ земјата се спроведуваат построги контроли и претреси.