- Српскиот претседател ја повика опозицијата да собере потписи за организирање советодавен референдум дали тој или тие ја имаат довербата на народот. Треба да предадат 67 потписи а имаат 80.
- Вучиќ вели дека ако веруваат во последната анкета дека тој веќе не ја ужива довербата, да ја прифатат неговата понуда или да престанат да глумат дека им најбитно мислењето на граѓаните.
- Медиуми дознаваат дека Вучиќ нема да чека потег на опозицијата туку преку Ана Брнабиќ која ќе достави потписи, самите ќе побараат референдум.
- Во меѓувреме, на студентските блокади се случија неколку инциденти во кои студенти биле нападнати од непознати лица.
- Беспилотно летало на украинските воени сили навлегол на териториите на Романија и Бугарија и експлодирал кај пограничното село Кардам, недалеку од две компресорски станици на Трансбалканскиот гасовод од Турција до Украина.
- Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека при експлозијата немало повредени луѓе и нема штета на бугарската станица, оддалечена околу 1.000 метри од местото на кое се урнал дронот. Станицата од романска страна е оддалечена 200 метри.
- Министерството за одбрана соопшти дека леталото било дрон-мамец од типот „Маја“, со кој украинските сили ја попречуваат непријателската противвоздушна одбрана. Иако дронот вообичаено не е вооружен, оној што паднал во Бугарија носел „значително“ количество експлозив.
- Софија оцени дека нема знаци што укажува дека дронот намерно бил насочен кон Бугарија, но Министерството за надворешни работи го повика на разговор украинскиот амбасадор.
- „Можеме со сигурност да кажеме дека одбранбените сили на Украина не насочиле намерно никакви средства кон Бугарија. Во моментов ги утврдуваме сите околности на она што се случи, како и сите технички факти“, изјави Хеорхи Тихи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина.
- Возачите на електрични тротинети имаат трипати поголема веројатност да претрпат трауматски повреди на мозокот отколку мотоциклистите или велосипедистите, покажува анализа на сообраќајни несреќи во Ангија и Велс. Сепак, ризикот од скршеници на коските кај возачите на тротинети е помал.
- Според студија во списанието Scientific Reports, помалку од 6% од возачите на електрични тротинети изјавиле дека носат шлем.
- Жените на тротинети имале за една третина повеќе незгоди од мажите и двојно повеќе случаи на тешки повреди. Анализата покажала дека жените почесто возат електрични тротинети по тротоари, а мажите почесто користат мобилен телефон додека возат.
- Голем е ризикот и за децата: 16% од повредите при несреќи со електрични тротинети биле кај лица помлади од 18 години.
- „За разлика од автомобилите и мотоциклите, електричните тротинети беа воведени без никаков услов за обука, иако се моторни возила. Возачите стојат и имаат повисоко тежиште од велосипедистите и почувствителен механизам за управување. Малите тркала повеќе реагираат на удари во дупки или предмети на патот. Овие карактеристики ги прават помалку стабилни по природа и придонесуваат за сериозноста на повредите при несреќи“, забележува Петја Венциславова, виш предавач по транспортна психологија на Универзитетот Нотингем Трент.