- Хезболах потврди дека нивниот топ функционер Хашем Сафиедин бил убиен во израелски воздушен напад.
- Сафиедин раководеше со Хезболах откако лидерот на организацијата, Хасан Насралах, беше ликвидиран од Израел пред неполн месец. Се очекуваше тој и официјално да биде назначен на лидер на Хезболах.
- Насралах и Сафиедин се (беа) и од иста фамилија.
- Како ли ќе му биде на оној на кој ќе му кажат дека тој ќе биде замена на Сафиедин?
- Србија и Босна и Херцеговина се меѓу 14-те избрани земји на кои претседателот Доналд Трамп од 1 август им воведува значително повисоки тарифи за увоз на производи. Србија е погодена со царина од 35%, а Босна и Херцеговина со 30%.
- Тарифите за другите земји се во рангот од 25% за увоз на стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и Тунис, 30% за Јужна Африка, 32% за Индонезија, 35% за Бангладеш, 36% за Камбоџа и Тајланд и 40% за Лаос и Мјамнар.
- Во писмата што им ги испратил на претседателите Трамп ги известува дека „новите царини биле неопходни за да се корегираат трговските дефицити на САД“. Ги предупредува дека на секое нивно зголемување на царините САД реципрочно ќе одговорат, а при отстранување на царинските и регулаторните бариери „можеби“ ќе разгледаат намалување.
- Белата куќа објави дека до крајот на неделата ќе бидат испратени писма со идентична содржина, но со различен процент на тарифи и до други земји.