Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп бара 10 милијарди долари отштета од ББЦ

16 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе две тужби против ББЦ и побара вкупна отштета од 10 милијарди долари поради злонамерно монтирање на неговиот говор спроти нападот врз Капитолот во Вашингтон во јануари 2021 година. Едната тужба поднесена пред федералниот суд во Флорида се однесува за клевета, а другата за кршење на Законот за измамнички и нефер трговски практики. За секоја бара отштета од најмалку 5 милијарди долари.
  • Во документарец на програмата Панорама на ББЦ, објавен спроти изборите во 2024 година, говорот на Трамп беше сечен, лепен и монтиран за да се остави впечаток дека тој повикувал на насилен упад врз Капитолот.
  • ББЦ пред еден месец му се извини на Трамп поради злонамерната монтажа. Оставки поради скандалот поднесоа директорот Тим Дејви и раководителката на вестите Дебора Тарнес.
  • „Јавниот радиодифузен сервис на Британија е одговорен за лажен, клеветнички, измамнички, омаловажувачки, провокативен и злонамерен приказ на претседателот Трамп. Поради нивната срамна природа, измислените изјави што ги емитуваше ББЦ беа распространети низ разни дигитални медиуми, кои допреа до десетици милиони луѓе ширум светот. Следствено, ББЦ предизвика претседателот Трамп да претрпи огромна финансиска и репутациска штета“, се наведува во тужбите.

извор

Важна победа на Трамп во тужбата за клевета против ББЦ

12 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Федерален судија ја одобри тужбата на Трамп против ББЦ за клевета во врска со објавувањето на монтиран говор од 6 јануари 2021 година заради лажно прикажување пред јавноста дека претседателот повикува на насилство.
  • Трамп побара отштета од 10 милијарди долари за случајот „Сечено, лепено, монтирано“.
  • Судијата Џефри Кунц утврди дека ББЦ не само што признал прекршување на новинарската етика, туку и се потрудил да го емитува монтираниот прилог токму пред изборите во 2024 година.
  • Врховниот суд го воведе стандардот на „стварна злонамерност“, според кој јавен функционер мора да докаже дека постоела конкретна свест за невистинитост на изјава или безобѕирно занемарување на вистината. Во случајот со Трамп, судот утврди доволно докази за „стварна злонамерност“ кај ББЦ.
  • „Наводите на Трамп дека ББЦ отстапил од новинарските стандарди се повеќе од доволни за веродостојно да се тврди дека станува збор за нешто повеќе од обична небрежност... Се разбира, сето ова не докажува дека ББЦ постапил со стварна злонамерност, но тоа го прави таквото тврдење веродостојно. Трамп треба само да изнесе факти доволни за да се изведе разумен заклучок дека ББЦ го монтирал и го објавил документарниот филм со сознание дека е невистинит“, заклучува судијата Кунц.

извор

Фирми без вработени и газди со политички врски должат 224 милиони евра за данок и придонеси

12 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници на која се евидентирани вкупно 5.200 даночни должници со вкупен нето-долг за даноци и придонеси од приближно 224 милиони евра.
  • На врвот на листата се три компании од Скопје, а најголем должник е Хант осој трејд, со долг од над 900 милиони денари, односно околу 14,87 милиони евра, сите по основ на ДДВ. Со сличен износ на неплатени обврски е и скопската компанија Окитна трејд увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, регистрирана во Визбегово. Меѓу трите најголеми должници е и Лисав Компани од Скопје која должи 449 милиони денари.
  • Компанијата ХАНТ Осој има едно вработено лице и е формирана во 2022 година. Сега владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција пред две години тврдеше дека фирмата „Хант Осој“, до крајот на 2022 година се викала „Хантонос“. Тогашниот сопственик Васе Панајотов му ја продава на извесен Агим Имери од Косово, кој добил поврат на ДДВ од 12 милиони евра и исчезнал, пишува Фокус.

  • Од 5.200 должници на најновата листа, 5.002 беа и на минатата.

* Објаснување на фотографијата: Мува не ги лази.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Македонштина
2

Реакции во Германија по прослава на голoви на германски репрезентативец

Фудбал
3

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
4

Генерацијата З најдоа природна алтернатива на вејпингот!

Онака
5

Македонија во ОН гласаше ПРОТИВ осуда на нацизмот

6

Побарано - добиено

Балканштина
7

Гејтс: Глобална катастрофа ќе го освести светот за ВИ

Свет
8

Паѓа продажбата на станови, растат оние под кирија

1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Македонија во ОН гласаше ПРОТИВ осуда на нацизмот

3

Гејтс: Глобална катастрофа ќе го освести светот за ВИ

Свет
4

Паѓа продажбата на станови, растат оние под кирија

5

Гардист го „построи“ Хегсет пред Гробот на незнајниот јунак

6

Русија предлага пактови за ненапаѓање со членки на НАТО

7

Зошто Латиносите му свртеа грб на Трамп

Мислења
8

Британските шпиони изгубиле илјадници УСБ стикови

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Македонштина

Одамна не сме имале ЈАК виц

Македонштина

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Балканштина

Побарано - добиено

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Животни лекции од Брус Ли

Турет караоке, масовно

Зошто примитивниот хомо сапиенс мрази тишина?

Каков секс нуди Бугарија?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy