Скопје, бомба ти ќе бидеш
21 февруари 2023
- Сабајлево стигнале меилови за дојава на бомба во речиси цело Скопје.
- Освен за претседателската вила на Пендаровски, закана за експлозивна направа има за ГТЦ Градски Трговен Центар во Скопје, Музеј на Град Скопје, Музеј ММБ, Природнонаучен Музеј на Македонија, Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000, Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза, Шопинг центар Ист Гејт Мол, Трговски центар Бисер, Станбена зграда Агора Флатирон, Станбените кули Џевахир, Управен суд на Македонија.
- Закана има и за Хотел Мериот, хотел Александар Палас, Спортски Центар Борис Трајковски, Централната Железничка Станица Скопје и Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија.
- Жизнерадосна вест од МВР: Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.