- Како до сега да беше лесно да си маж, па сега излезе дека и летното сонце и горештини нè дуеле. И тоа само мажите, жените се отпорни.
- Од Универзитетот на Тел Авив тврдат дека изложеноста на сонце кај мажите го стимулира ослободувањето на хормонот за глад во кожата.
- Кај жените ова не успева затоа што естрогенот го попречува истиот процес.
- Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир, најрадикалниот јастреб во воениот кабинет на Нетанјаху, ги повика еврејските доселеници да почнат да ги населуваат и териториите што израелските сили ги окупираа во Јужен Либан.
- „Населете се во Либан! Тоа ни треба и имаме вистински планови. Да ја поттикнеме и миграцијата од Газа и од Западниот Брег исто така. Населете се во Либан! Не плашете се од никаков притисок“, порача Бен-Гвир.
- Израелските сили веќе „израмнија терен“ за доселенички населби во Либан, јужно од реката Литани. Во име на „војната против Хезболах“ протераа десетици илјади Либанци и потоа буквално срамнија со земја цели села, културни и верски споменици, археолошки локалитети, овоштарници... за да нема каде да се вратат.
- Бен Гвир денеска им се придружи на израелски екстремисти при провокативната посета на храмот во Ерусалим и повика на анексија на Источен Ерусалим, кој според меѓународното право им припаѓа на Палестинците. „Со голема гордост го креваме знамето на Израел. Ерусалим е наш и земјата Израел е наша. Не смееме да се срамиме“, повика Бен-Гвир.
- Медицинскиот факултет на Јеил нелегално дискриминира кандидати на расна основа во процесот на прием на студенти, заклучи Министерството за правда на САД по едногодишна истрага. Во извештајот ова се истакнува како „загриженост за јавната безбедност“.
- Јеил ги фаворизирал црните и латиноамериканските кандидати на сметка на белите и азиските, што е директно кршење на федералниот закон за граѓански права и на пресудата на Врховниот суд од 2023 година против афирмативни акции.
- Истражувањето покажало дека црните кандидати имале дури 29 пати поголеми шанси да добијат интервју за прием отколку подеднакво квалификуваните азиски кандидати со слични оценки и резултати од стандардизирани тестови.
- Министерството води истраги за дискриминации на расна основа и на универзитите Харвард и УКЛА и на факултетите за медицина на универзитетите Стенфорд, Охајо и Сан Диего.