Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Шест поуки за втората пандемиска зима

22 септември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Улогата на вакцината се има променето (пак)
  • Важно е колку луѓе се имаат вакцинирано, но важно е и во какви кластери се наоѓаат.
  • Ќе се менува и тоа кои се ризични групи.
  • Како што уделот на вакцинирани расте, ќе се зголемува бројот на случаи меѓу нив и тоа така оди.
  • „Ретките“ случаи стануваат сериозна цифра во големи размери.
извор

Русјаков: Можеби не сме спремни за војна, ама ќе ја пречекаме дотерани

26 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Кога сме кај Нордистан, видов наслов – ќе се градат четири трговски центри низ државата.
  • Светот упорно инсистира на војна, ама вистинска, со војски, фронтови и нуклеарна ерекција. Некои велат дека третата светска војна веќе почнала, сега засега на одредени точки на планетата, со тенденција да се прошири и да стане глобална заебанција. Британија им порача на своите граѓани да складираат храна, затоа што војната наближува. Естонија со својата моќна неколкуилјадна армија ѝ се закани на Русија дека ќе ја столчи за 48 часа.
  • И Балканот се вооружува, патем токму сега некому му текна да крева меѓуетничка тензија, а секому му е јасно дека во такви случаи кај балканските народи многу брзо расте воената ерекција за сметка на брзиот пад на природната интелигенција.
  • А Македонија – опкружена со аздисани соседи спремни веднаш да ни ја распарчат приказната, затоа што секогаш нè гледале како дел од својата територија? Јасно е дека ќе станеме дел од моќната нордистанско-естонска ударна бригада и сите херојски ќе загинеме пред да стигнеме на фронт, од настинки поради студот – мултивитамините сигурно ќе ни бидат со истечен рок – па ќе ги оставиме Естонците сами да ја прегазат Русија.
извор

Ако може Полска да запре мигранти, мора да може и ЕУ

25 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Полска побара од Европската Унија да дозволи привремено суспендирање на барањата на азил во случаи на намерно предизвикан бран на масовна миграција, каков што неодамна претрпе Шпанија на својата територија Сеута.
  • Варшава го наведува сопствениот пример. Лани во март престана да регистрира барања за азил од мигранти од Белорусија, оценувајќи дека властите во Минск и Москва намерно испратиле десетици илјади мигранти кон границата за да ја дестабилизираат Полска. Мерката имаше привремен карактер, но сè уште е на сила.
  • „Кризата во Сеута, кога повеќе од 70.000 луѓе ненадејно преминаа од Мароко во шпанската енклава, ѝ стави до знаење на ЕУ дека и други земји можат да бидат погодени од слични гранични кризи како Полска“, изјави Мачеј Душчик, заменик-министер за внатрешни работи задолжен за миграции.
  • Тој објасни дека суспензијата на правото на азил е целосно во согласност со меѓународното право. Лицата од најранливите категории – бремени жени, деца или оние што се соочуваат со прогон во Белорусија – сè уште можат да поднесат барање за азил. „Секој на границата има право да ја објасни својата ситуација“.
  • Урсула фон дер Лајен најави дека Европската комисија наскоро ќе предложи нова „рамка за итен одговор“, која би овозможила флексибилност во примената на стандардните миграциски процедури во специфични околности и за ограничен временски период.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во „Медена земја“, Медена 57-ца

Македонштина
2

Ѓаволски добар договор

3

Кај им текнува бе?

Фудбал
4

Ужасите на „Мој термин“

Балканштина
5

Чудна жена беше Мери Кеј

Разно
6

Леле бе, како ќе се разбереме со овие луѓе

Балканштина
7

Меланија го брани своето југословенско детство

Видео
8

Ќе живее овој народ

Македонштина
1

Ѓаволски добар договор

2

Русјаков: Можеби не сме спремни за војна, ама ќе ја пречекаме дотерани

3

Ако може Полска да запре мигранти, мора да може и ЕУ

4

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
5

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Технологија
6

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Свет
7

Сите патишта воделе до - Цариград

Занимливости
8

Иран нуди нов план за примирје и деблокада на Ормуз за 7 дена

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Балканштина

Српски коментаторски таленти 5

Македонштина

Во „Медена земја“, Медена 57-ца

Балканштина

Ужасите на „Мој термин“

Балканштина

Леле бе, како ќе се разбереме со овие луѓе

Македонштина

Ќе живее овој народ

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сè е во нејзини раце

Бронзен медал за стиропорна Македонија

Пјер Полиевр, лекција по искулираност

Нема место за паника, инвестициите се сигурни!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy