Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Сенатот ја поддржа војната на Трамп против Иран

5 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Сенатот на САД со 53 наспроти 47 гласа ја отфрли резолуцијата која потенцијално би ја запрела војната што Трамп ја почна во Иран. „Резолуцијата за воена моќ“ предвидуваше претседателот да бара одобрение од Конгресот за секој понатамошен напад.
  • Се гласаше по партиски линии. Единствено републиканскиот сенатор Ранд Пол гласаше за ограничување на Трамп, а демократот Џон Фетерман беше против.
  • „Денес секој сенатор поединечно ќе избере страна. Дали сте со американскиот народ кој е исцрпен од вечните војни на Блискиот Исток или сте со Доналд Трамп и Пит Хегсет додека нè туркаат во уште една војна?“, изјави пред гласањето лидерот на демократите Чак Шумер.
  • „Демократите попрво би го спречиле Доналд Трамп отколку да ја уништат нуклеарна програма на Иран“, предупреди републиканскиот сенатор Џон Баросо.
  • Претседателот Трамп оцени дека војната против Иран би траела четири недели, а министерот за одбрана Пит Хегсет вчера предупреди дека би можела да продолжи осум недели, бидејќи Иран сè уште има капацитет за ракетни напади.

извор

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
  • Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
  • Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
  • „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.

извор

Милиони хакерски напади врз интернет

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
  • „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
  • Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
  • „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Јако мување

Балканштина
2

Се моли премиерот да не биде наивен

Македонски рулет
3

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

4

Вардарова лекција среде Франција

Ракомет
5

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Разно
6

Шкендија со навреда за христијаните го најави дербито со Вардар

7

Проектилот од четири агли на најскапиот играч во историјата на Реал

Фудбал
8

И Европа размислува за директни преговори со Путин

1

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

2

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Разно
3

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Свет
4

Милиони хакерски напади врз интернет

5

И Европа размислува за директни преговори со Путин

6

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
7

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

8

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Жив одвнатре

Уште еден медиум ги укина коментарите на сајт

Кога името не е важно

Послушајте патриоти, преспанци и нобеловци

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy