- Учениците во основните училишта да се ослободат од обврската за носење маски, препорача Комисијата за заштита од заразни болести. Обврската за носењето маски останува за наставниците и другите вработени.
- Донесена е и препорака за зголемување на капацитетот на исполнетост во затворените објекти како опери, театри, кина од 50 на 70 проценти.
- Се препорачува и повеќе да не се бараат сертификати во отворените делови од угостителските објекти.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.