- „Последниве четири години ги минаа давајќи му комплименти на Џо Бајден и присуствувајќи на неговите конвенции и забави. Зошто досега не се жалеа?“
- Вака реагираше човекот на Трамп, Ричард Гренел, на коментарот на Глаук Коњуфца, функционер на владејачката партија на Косово, дека со својот пристап, администрацијата на Бајден го довела Косово во неповолна положба и го нарушила неговиот углед.
- Во декември 2024 година, Доналд Трамп најави дека Гренел, кој беше негов специјален пратеник за Косово и Србија во првиот мандат, ќе остане задолжен за специјални мисии како Северна Кореја, Венецуела и други.
- Возачите на електрични тротинети имаат трипати поголема веројатност да претрпат трауматски повреди на мозокот отколку мотоциклистите или велосипедистите, покажува анализа на сообраќајни несреќи во Ангија и Велс. Сепак, ризикот од скршеници на коските кај возачите на тротинети е помал.
- Според студија во списанието Scientific Reports, помалку од 6% од возачите на електрични тротинети изјавиле дека носат шлем.
- Жените на тротинети имале за една третина повеќе незгоди од мажите и двојно повеќе случаи на тешки повреди. Анализата покажала дека жените почесто возат електрични тротинети по тротоари, а мажите почесто користат мобилен телефон додека возат.
- Голем е ризикот и за децата: 16% од повредите при несреќи со електрични тротинети биле кај лица помлади од 18 години.
- „За разлика од автомобилите и мотоциклите, електричните тротинети беа воведени без никаков услов за обука, иако се моторни возила. Возачите стојат и имаат повисоко тежиште од велосипедистите и почувствителен механизам за управување. Малите тркала повеќе реагираат на удари во дупки или предмети на патот. Овие карактеристики ги прават помалку стабилни по природа и придонесуваат за сериозноста на повредите при несреќи“, забележува Петја Венциславова, виш предавач по транспортна психологија на Универзитетот Нотингем Трент.
- Највисокиот американски генерал бара стратегија за излез од војната со Иран откако заклучил дека воздушните напади сами по себе не се успешни, а понатамошна ескалација би водела кон уште потешки последици.
- Ден Кејн, шефот на Здружениот Генералштаб на воените сили, ги предупредил потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио и директорот на ЦИА, Џон Ретклиф за ограничувањата на воените активности на САД во Иран, според извори на ЦНН.
- „Мислам дека тоа е само неговиот начин да ја заштити војската“, изјавил еден од изворите.
- Еден од клучните проблеми за продолжување на воздушните напади потрошената залиха од муниција. Ројтерс неодамна објави дека американските сили ги потрошиле „речиси сите“ свои наведувани ракети од типовите ATACMS и PrSM во војната со Иран, како и половина од арсеналот на крстосувачки проектили Томахавк.
- Единствената алтернатива на воздушните операции е крајно ризична: масовно распоредување копнени трупи на иранска територија околу Ормускиот проток. Според изворите на ЦНН, Пентагон разгледува и таква опција, но никој не ја поддржува, бидејќи при копнена инвазија и окупација би биле загрозени животите на илјадници американски војници.