Пејачот на „I Believe I Can Fly“ е виновен за сите девет точки за кои беше обвинет.
Делата се рекетарство, сексуално искористување малолетници, киднапирање, поткуп и сексуална трговија односно „пренесување лица преку граница заради неморални причини.“
Пресудата ќе ја слушне во понеделник и ќе биде меѓу 10 години и доживотен затвор.
Поради психозата од очекуван „руски напад“, Литванија почна со екстремни мерки да реагира на вообичаени ситуации.
Радарски сигнал од јато птици близу главниот град бил протолкуван како навлегување непријателски дронови. Аеродромот бил затворен и била побарана воздушна интервенција на италијански авион од составот на НАТО.
Тревогата завршила откако пилотот визуелно потврдил дека во регионот забележал само птици.
„При првичните отчитувања на радарот, трагите што ги оставаат птиците и дроновите можат да бидат слични“, објасни Литванскиот национален центар за управување со кризи.
При сличен инцидент во мај, поради закана од дронови во литванскиот воздушен простор беше објавена општа тревога за жителите на Вилњус, претседателот и премиерката беа префрлени во бункер и беа прекинати летови и железничкиот сообраќај. Авионите на НАТО тогаш не забележаа дури ни птици.
Глобалните залихи на саудиска нафта би можеле да се исцрпат за неколку дена доколку не се врати во функција виталниот нафтовод погоден од јеменските бунтовници.
Откако дронови лансирани од хутите уништија пумпна станица, Ријад го затвори нафтоводот долг 1.200 километри од Персискиот залив до Црвено Море, со што се губат 4% од глобалните залихи.
Аналитичари од Marhelm проценуваат дека за поправка на оштетувањата на нафтоводот може да биде потребен повеќе од еден месец поради „недостиг на резервни делови“.
Долготрајниот прекин би можел дополнително да ги зголеми цените на горивата, откако цената на барел нафта од типот „брент“ достигна 109 долари.
Саудиска Арабија минатата недела го извести ОПЕК дека нејзиното производство на сурова нафта паднало на 6,2 милиони барели дневно, од 10,9 милиони барели пред почетокот на војната во Иран.