Операција „Офсајди“ против пиратирање на ФИФА
23 јули 2026
- САД затвориле повеќе од 1.000 интернет-домени кои нелегално пренесувале натпревари од Светското првенство во фудбал.
- Цел на Операцијата „Офсајди“ во САД била заштита на авторски права и намалување на ризикот за Американците од злонамерен софтвер, кој е вграден во многу нелегални сервиси за стриминг.
- На глобално ниво била спроведена Операцијата „Црвен картон“ против хакирање и кршење на правата од интелектуална сопственост. Низ Латинска Америка биле блокирани над 2.000 веб-страници за нелегален стриминг. Се приклучиле и европските власти координирани преку Европол но не се објавени конкретни податоци.
- ФИФА објави дека преноси, снимки и други содржини од Светското првенство на нејзините платформи имале рекорден број од 20 милијарди прегледи. Тоа е зголемување за 485% во споредба со минатиот Мундијал од 2022 година.