- По ново Законот за извршување предвидува дека во моментот кога износот на каматата ќе порасне колку вкупната сума на основицата, тој престанува да расте. Со ова се спречува појавата на „должничко ропство“ во кое на пример за земен кредит од 100.000 денари враќаш по 600.000 заради камати.
- Измените на законот кој беа изгласани во Собранието ќе важат и за постапките за извршување кои се во тек.
- Една од злоупотребите на досегашниот закон беше правилото дека побарувањата застаруваат за 10 години, па доверителите чекаа да минат 9 години и 11 месеци, да се натрупаат камати, пред да ја почнат постапката за извршувања.
- По ново и рокот за застарување е скратен на 5 години.
- Владата на Еди Рама воведе парични казни до 500.000 леки (околу 5.500 евра) за луѓе што учествуваат на насилни протести во Албанија.
- Сумата е приближно шест просечни плати. Казната ќе важи за сите демонстранти, без оглед дали лично биле вклучени во насилства. Лица што го кријат идентитетот се соочуваат со казни од 10.000 до 100.000 леки.
- Албанци од мај демонстрираат во Тирана против проектот за изградба на комплекс со луксузни хотели во природен резерват. Во компанијата вклучена во проектот учествува и Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.
- Кон средината на октомври, протестите се проширија со студентски барања поврзани со корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостатокот на перспективи за младите.
- Во изминатите денови имаше и жестоки судири на демонстрантите со полицијата во Тирана.
- По реакција на Германија и други членки, ЕУ се откажа од планот Канада да добие статус на „придружна членка“ на Европската Унија.
- Во нацрт-текстот на изјавата што ќе биде објавена на крајот од самитот Канада-ЕУ во Монтреал, изразот „придружно членство“ е заменет со „сè поблиска асоцијација“.
- Германија реагирала дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се консултирала со членките пред да ја претстави идејата во своето годишно обраќање во септември. Резервираност изразиле и Франција, Италија и Грција.
- „Се чини дека никој не бил консултиран за придружно членство освен нејзиниот најблизок персонал. Многу земји-членки, вклучително и Германија, не беа задоволни“, изјави дипломат од Брисел.