- Обвинителот кој делото на Кичеец за сообраќајката во која загина човек го преквалификува во „небрежност“, посака да стане дел од елитното одделение за гонење организиран криминал и корупција.
- Арсим Адеми од Гостивар е најниско рангираниот студент од Академијата за судии и јавни обвинители.
- И покрај случајот со Кичеец, тоа не било пречка Адеми да биде постојано високо оценуван од своите шефови.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.