Според информациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, прославата на Илинден ќе се одржи на платото во Вила Водно.
Лани Пендаровски беше во Крушево но се обрати преку видео порака, тврдејќи дека „Илинденските прослави на Мечкин камен никогаш не поминале добро“ (факт чек: види фотос).
Волк бил заловен среде скопската населба Капиштец, откако претходно бил забележан како се движи низ населбата со синџир и каивче, што укажува дека бил чуван како домашен миленик.
Безбедно бил транспортиран во Зоолошката градина во Скопје, каде што ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица.
Случајот завршил без последици, бидејќи станува збор за питомо и мирно животно.
Gdje sam rođen, tu je sve sirotinja
Vuk je u nas domaća životinja
Škrta zemlja nikoga ne hrani
Da preživiš moraš radit vani....
„Коцкањето не смее да се нормализира, ниту да се претставува како стил на живот пред младите“, порачаа од Владата по повод новиот предлог закон за игри на среќа и забавни игри.
Една од клучните мерки во законот е воведувањето на минимално растојание од 500 метри помеѓу коцкарниците и училиштата. Ова опфаќа казина, автомат-клубови, обложувачници и објекти со електронски игри на среќа. Во обложувачниците што се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта ќе биде забрането поставување видеолотариски терминали и друга електронска опрема за коцкање.
Се забранува и рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници како рекламирање надвор од деловните простории ако тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во коцкање.
Се забрануваат пораки што го претставуваат коцкањето како пат до финансиски успех и рекламирање што ветува подобар живот или решение за лични и социјални проблеми.
Досега се затворени 358 нелегални странски онлајн платформи за коцкање. Станува збор за платформи кои функционирале без лиценца, без контрола и без никаква заштита за граѓаните.
Анализа на Институтот за јавно здравје, објавена во декември 2025 година, покажа дека 25% од учениците се коцкале во последните 12 месеци, пренесува Дојче Веле.