- Со освоеното 89-то место меѓу 146 земји, Македонија е убедливо најнесреќната земја во регионот според „Извештајот за среќа во светот“
- Сите поранешни југословенски републики се далеку пред Македонија, така што Словенија е на 22 место, Србија на 43, Хрватска на 47, Босна и Херцеговина на 67 и Црна Гора на 75 место.
- Финска е прогласена за најсреќна земја по петти пат по ред.
- Србија прогласи највисоко „црвено“ ниво на готовност поради терористичка закана откако малолетник од Шабац синоќа со нож нападнал припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград. Полицискиот службеник дејствувал во самоодбрана и го убил напаѓачот.
- Според српското МВР, малолетникот извикал „Алаху Акбар“, со два ножа го нападнал полицискиот службеник и го ранил во лицето.
- Министерот за внатрешни Ивица Дачиќ изјави дека безбедносните служби го следеле малолетникот поради сомневања за поврзаност со групата „Исламска држава“.
- Прогласувањето на „црвено“ ниво на терористичка закана подразбира зголемено присуство на вооружени полициски патроли на улиците, и засилено обезбедување на трговски центри, железнички и автобуски станици, аеродроми и дипломатски претставништва. На клучните локации низ земјата се спроведуваат построги контроли и претреси.