- Авдиљраман Ајвази, алијас командант Тануша не се појави на закажаното рочиште во Основниот суд во Куманово на 13 септември, на кое му се суди за убиство.
- Прво бил уапсен во Клиниката за неврологија, потоа спроведен во затворот во Идризово за издржување на казна затвор од 20 години за убиство, па пуштен на слобода, но задолжен дека мора да се појавува на закажаните рочишта.
- Види ја првата точка.
- Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков ја злоупотребиле службената положба за дискотеката „Пулс“ и добија една или по две години условни казни затвор.
- Судијката Петровска рече дека полицајците од октомври 2023 до февруари 2024 година пишувале записници за прекршоци, за пропуштање малолетници, но во нив внесувале неточни податоци.
- Наместо за активната фирма, ММММ Кафе ДООЕЛ од Кочани и одговорното лице Митко Стојанов, прекршокот го внесувале на фирмата „Класик ДМ ДООЕЛ“ од Кочани.
- „Формата била запазена, но суштината изостанала“, истакна судијката.
- Сенаторите од двете партии во САД едногласно усвоија забрана да се кладат на новите платформи за обложување на политички и глобални настани, како Калши и Полимаркет. Слична мерка што се однесува на конгресмените е предложена и во Претставничкиот дом.
- Целта е да се спречат злоупотреба на инсајдерски информации и потенцијален судир на интереси, како и да се отфрлат сомневањата дека пратениците лично профитираат од привилегиран пристап до доверливи податоци, изјави сенаторот Берни Морено кој ја водеше иницијативата.
- Сомневањата се проширија откако анонимни лица оствариле добивки од милиони долари од сомнителни тргувања со акции и кладби поврзани со клучните изјави и одлуки на претседателот Доналд Трамп.
- Во процедура е и законот SITA, кој ќе им забрани на конгресмени и на членови на нивни семејства да купуваат нови акции на берзи и ќе ги обврзе да ги најавуваат продажбите седум дена претходно, како и Законот ETHICS, со уште построги ограничувања за тргување со акции.