- Линкот подолу води кон петиција: ИМАМЕ ПРАВО НА ЛЕК - МОДУЛАРНА ТЕРАПИЈА ЗА СИТЕ.
- Денес во Македонија се третираат само симптомите на цистична фиброза но никогаш причината која е предизвикана од мутација на еден ген. Некои од модуларните лекови кои дејствуваат врз причинителот на болеста се достапни во светот веќе десет години, но Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија сè уште не ги става на располагање на листата на основни лекови.
- Додека Министерството за здравство на Република Македонија го игнорира безбедниот начин да ги спаси, луѓето со цистична фиброза имаат сè помалку и помалку време!
- Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
- Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
- „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
- Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
- Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.
- Бундестагот го одобри контроверзното проширување на овластувањата за германските разузнавачки служби, претворајќи ги од пасивни во активни алатки за борба против закани.
- Службата за надворешно разузнавање (BND) и за внатрешна безбедност (BfV) досега беа ограничени на собирање и анализа на информации, кои ги проследуваа до полицијата.
- BND сега ќе има право да врши хакерски напади за да спречи кибернетски закани од странство.
- Агенти на BfV ќе можат тајно да упаѓаат по домови за да монтираат уреди и софтвер за прислушување и надзор, да манипулираат со апарати и да неутрализираат оружја. Агентите нема да смеат да користат насилни методи, а апсењата ќе останат во надлежност на полицијата.
- Министерот за внатрешни работи Александар Добринт го опиша законот како „реформа на векот“. Тврди дека на Германија ѝ се потребни посилни разузнавачки служби за да се соочи со зголемените закани од тероризам и непријателски хибридни напади од други држави.
- Опозициските партии од десницата и левицата оценија дека широките овластувања всушност ќе создадат нови тајни полициски сили, кои може да се споредат со Штази или Гестапо. Овие партии, како и групи за граѓански слободи најавија дека го обжалат законот пред Федералниот уставен суд.