- Запрашан околу посетата на Пелоси на Тајван, американскиот претседател изјавил дека Пентагон не го поддржува ваквиот план.
- Пелоси требаше да го посети Тајван во април годинава, меѓутоа магично фати ковид на кратко пред тргање, па посетата беше одложена за подоцна во текот на годинава.
- Доколку стигне до Тајван Пелоси ќе биде највисокиот американски функционер што последниве 25 години го посетил островот.
- Изминативе денови неофицијални кинески извори го кажаа својот став околу планираната посета:

- Агенцијата за миграција на Шведска објави дека од денеска ги спроведува новите и построги критериуми за доделување шведско државјанство на странци, усвоени на 29 април. Но, мерките нема да важат само за новите апликации, туку ќе бидат проверени и сите што се во процедура – околу 100.000.
- Шведска е првата земја во Европа што ретроактивно применува правила за натурализација на тековните апликации. Просечното време на обработка моментално е околу 56 месеци.
- Со новиот закон, минималниот престој во земјата за стекнување право на барање за државјанство се зголемува од 5 на 8 години. Барањето треба да биде поткрепено со доказ за примања од 20.000 круни месечно (1.800 евра). Исклучоци има за деца, пензионери и лица со траен инвалидитет.
- Мигрантите што отслужиле затворска казна над 4 години ќе мора да чекаат 15 години пред да аплицираат.
- Одредбите ќе се воведуваат постепено, заклучно со 1 октомври 2027 година. Од август ќе почнат тестирања за познавање на шведското општество. Подоцна ќе бидат воведени и тестови за разбирање, читање и слушање на шведскиот јазик.
- Министерството за одбрана на САД го скрати списокот на признаени религиозни вери и системи на верување од досегашните 211 на само 31, по налог од министерот Пит Хегсет.
- На скратениот систем има дури 22 посебни христијански групи. Покрај нив, признаени се и будизмот, бахаизмот, хиндуизмот, исламот, јудаизмот и сикизамот. Се признаваат и агностицизам, друга вера и ниедна вера.
- Претходниот список со 211 официјално признаени вери за воениот персонал беше објавен во 2017 година, во првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.
- „Претходниот систем беше непрактичен и неупотреблив, а многу кодекси воопшто не се користеа. 82% од персоналот кои се идентификуваат како религиозни користат само шест од кодексите“, изјави Хегсет во март, кога ги најави промените.