Ирански дрон погоди аеродром во Азербејџан
5 март 2026
- Ирански дрон денеска погодил терминал за патници на аеродром во азербејџанскиот град Нахчиван, близу границата со Иран. Повредени биле две лица.
- Уште еден дрон експлодирал близу училиште во селото Шакарабад. Нема информации за жртви.
- Ова се првите напади врз територијата на Азербејџан откако во саботата САД и Израел ја почнаа војната со Иран.
- „Азербејџан го задржува правото да преземе соодветни контрамерки“, соопшти Министерството за надворешни работи во Баку.