- Мирниот протестен марш попладнево излезе од контрола, кога дел од учесниците прво го демолираа кафулето на сопственикот на дискотеката.
- Попатно беше демолирано возило на Карго експрес, компанија за која сопственикот на дискотеката „Пулс“ е претставник за Кочани.
- Лицата што протестираа го пробија кордонот полицајци пред домот на Папазов, бараа одговорност, а неговата куќа беше граѓана со јајца и камења.
- Американските напади врз бротчиња што наводно пренесувале дрога воопшто не го намалиле количеството на кокаин што доаѓа во САД, заклучила Управата за сузбивање наркотици (DEA) во внатрешен извештај.
- Проценката е во спротивност со изјавите на претседателот Доналд Трамп дека операцијата Southern Spear „практично го запрела шверцот со дрога по морски пат“.
- Операцијата во Карипско Море и во источниот Пацифик само ги принудила шверцерите да користат нови рути за транспорт на кокаин, заклучува DEA. Дрогата ја префрлаат на поголеми бродови и на авиони, а користат и крајбрежни рути.
- Од 2 септември 2025 година па до крајот на јули, американските сили извршиле 63 напади врз бротчиња за кои оцениле дека пренесуваат дрога од Латинска Америка кон САД, при што загинале најмалку 221 лице. Пентагон тврди дека убиените луѓе биле шверцери или членови на нарко-картели, иако не ги потврдил нивните идентитети.
- Организацијата за човекови права WOLA тврди дека нападите може да претставуваат вонсудски убиства, забранети според меѓународното право и како убиства согласно законите на САД.
- Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права документирала прекршувања на меѓународното хуманитарно право од големи размери извршени од Израел во Либан, од кои некои може да претставуваат воени злосторства. Независна мисија договорена со либанската влада, веќе е на терен и собира докази за наводни прекршувања на меѓународното право, сторени од сите страни во конфликтот по 2 март.
- „Континуираните израелски воздушни напади, гранатирањето и употребата на експлозивно оружје во густо населени области предизвикале голем број цивилни жртви, широко распространето уништување и масовно раселување“, изјави комесарот Фолкер Турк, на крајот од официјалната посета на Либан. И ракетите истрелани од Хезболах кон населени области во Израел убиле цивили и оштетиле инфраструктура.
- Турк изрази загриженост и поради тоа што израелските сили окупираат значителна либанска територија на југот и продолжуваат да убиваат и да повредуваат луѓе во Либан и покрај договорот за прекин на огнот постигнат на 17 април.
- Цели села јужно од реката Литани – околу 30 километри од границата со Израел – се уништени или невозможни за живеење. Масовното раселување на цивили и оневозможувањето на нивното враќање, би можеле да претставуваат меѓународни злосторства.
- Според либанските власти, повеќе од 4.300 луѓе се убиени, а 12.200 се повредени во Либан од 2 март, како последица на конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Меѓу нив има повеќе од 135 здравствени работници, како и новинари и медиумски работници.