Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Џек Ма на коленица и пинџур во Скопје

21 јули 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Дел од нагаѓањата околу турнејата на Џек Ма на Балканот е дека таа или почнала или завршила во Скопје, и дека тој тука е или на одмор или на бизнис патување. Тоа што е сигурно е дека во Скопје бил во Соул кичен, и тоа на коленица и пинџур, меѓудругото.
  • Како што пишува ИТ.мк тој е забележан на кејот на Вардар за време на најфантастичните денови од летниот топлотен бран.
  • За разлика од Белград каде има состанок со српски функционери на кој разговара околу погодностите на договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина, Ма во Скопје немал контакт со локалните функционери.
  • Освен Белград и Скопје, Ма беше и во Сараево и во Тирана.
извор

ЕУ се откажа од идејата за „придружно членство“ на Канада

29 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • По реакција на Германија и други членки, ЕУ се откажа од планот Канада да добие статус на „придружна членка“ на Европската Унија.
  • Во нацрт-текстот на изјавата што ќе биде објавена на крајот од самитот Канада-ЕУ во Монтреал, изразот „придружно членство“ е заменет со „сè поблиска асоцијација“.
  • Германија реагирала дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се консултирала со членките пред да ја претстави идејата во своето годишно обраќање во септември. Резервираност изразиле и Франција, Италија и Грција.
  • „Се чини дека никој не бил консултиран за придружно членство освен нејзиниот најблизок персонал. Многу земји-членки, вклучително и Германија, не беа задоволни“, изјави дипломат од Брисел.
извор

Македонија повторно на ѕидот на срамот во ОН

29 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Исто како и лани (видете: „Куба, извини за нашите вазали“), Македонија повторно гласаше во Обединетите нации ПРОТИВ укинување на економското ембарго од САД за Куба.
  • За укинување на ембаргото гласаа 130 земји, 25 беа воздржани, а против беа 17. Резолуцијата нема обврзувачки карактер, но го покажува политичкото подредување на членките на ОН.
  • Овој пат САД успеаја да убедат повеќе земји да апстинираат или да гласаат против. Меѓу земјите што гласаа против укинувањето на ембаргото беа и Словенија и Босна и Херцеговина. Германија и Италија првпат се воздржаа од гласање по повеќегодишна поддршка за укинување на ембаргото.
  • САД уште во 1962 година воведоа трговско ембарго за Куба како „неопходна казна“ за комунистичката влада, која ја сметаат за „корумпирана и диктаторска“. Трамп воведе и општа блокада на гориво и се закани дека „ќе се справи со Куба кога ќе ја заврши војната во Иран“.
  • Кубанците денес се соочуваат со секојдневни рестрикции на струја, немаат доволно гориво и храна, но не потклекнуваат.
  • „Ова гласање ја подига свеста кај многу луѓе кои едноставно не разбираат како ембаргото влијае врз кубанскиот народ и нашиот секојдневен живот, низ што поминуваме, како страдаме... Тоа е најважно - далеку над политичките ставови или каков било вид идеологија“, изјави за Ројтерс жител на Хавана.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Двојазичност на албански начин

Македонштина
2

Ниту сме истото, ниту сме същото

Разно
3

Стварноста нуди бесплатни реклами

Реклами
4

Вучиќу, не си единствен

Балканштина
5

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина
6

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина
7

Борец Жилче со честитки до Хари Кејн

Фудбал
8

Хартиените цевки се поштетни од пластичните

Занимливости
1

Хартиените цевки се поштетни од пластичните

Занимливости
2

„Црвена тревога“ во Србија по напад врз Амбасадата на Израел во Белград

3

Флавио Болсонаро избега во САД

4

Шведска се откажа од мРНК вакцини за ковид

5

Наместо да протестираат, младите Германци емигрираат

Свет
6

Путин го покани Зеленски на директни разговори во Москва

7

Британците од зорт се изнакупуваа тоалетна

Свет
8

Обвинителството попусто ја чека Урсула да одговара за „Фајзергејт“

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

„Тоа на М“

И после Пустец биле сељаците

Шепкачот

Две цртички за Тито

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy