- Креаторот на групата „Јавна соба“, Дарко Костовски, доби четири години затвор, на администраторот Михаил Паневски му се досудени исто така четири години затвор.
- Судијката Билјана Коцевска го прифатила тврдењето на обвинителот дека тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапен аудиовизуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.
- Креаторот на групата е на возраст од 33 години, семеен човек со двегодишно болно дете. Администраторот е скопјанец кој требало да стане полицаец.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.