Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Центар, Водно: За „домување на едно семејство“ биле предвидени 30 купатила

27 март 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Жителите на улица „Питу Гули“, улицата која се наоѓа веднаш под озлогласените „Плацеви на Водно“, поднесоа барање за поништување на Одобрението за градење издадено на Маркеза ДООЕЛ од страна на претходниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

  • Адвокатката на засегнатите граѓани, Сузана Јошевска Анастасовска, вели дека одобрениeто за градба е дадено за еден спрат повеќе од дозволеното, замаскирано во „галерија”. Парцелата на која е дадено одобрение за изградба нема пристап до јавен пат, што значи дека не е изведена и не е можно по легален пат да се изведе никаква инфраструктура.

  • Според проектната документација, не се работи за објект со намена А0 -домување со посебен режим или „луксузно домување на едно семејство” бидејќи со неа се предвидени 20 спални соби и 30 бањи. Општината не направила проблем за ова несовпаѓање според кое јасно се гледа дека објектот нема да биде семејна куќа.

извор

Европски лидери се охрабрија да разговараат со Путин

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе денеска телефонски разговарале со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.
  • Стуб и Сторе, кои минатата недела во Осло беа домаќини на американскиот посредник Стив Виткоф и украинскиот претседател Зеленски, истакнаа дека разговорот со Путин бил „во име на нивните земји и на никој друг“.
  • Планот бил да разговараат 20 минути, но биле на линија час и половина. Сторе го опиша разговорот како „суштински, фокусиран на конкретните прашања и професионален“.
  • „Тој потсети на своите ставови за тоа како се развивал конфликтот од 2014 година – а ние ги изнесовме нашите позиции. Станува збор за добро познати ставови, кои можевме да ги сослушаме и на нив да одговориме“, изјави норвешкиот премиер.
  • Одговарајќи на критиките од данската премиерка Мете Фредериксен зошто не ја координирале иницијативата со европските партнери, Сторе одговори дека директно му ги пренеле своите ставови на Путин.
  • „Сметам дека водењето разговори и испраќањето соодветни пораки не е погрешно. Денес до Москва допираат пораки само од американската администрација. Сега се слушаат и гласови од две соседни држави – Финска и Норвешка – кои не зборуваат во име на другите, туку... во целосна усогласеност со ‘коалицијата на оние што сакаат да дејствуваат‘, кои делат исто мислење за природата на оваа војна и за тоа како таа треба да заврши“, изјави Сторе.
извор

Цветковиќ: Во Израел, со кичмата во куфер

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Тринаесетмина пратеници од македонското Собрание неодамна се вратија од службена посета на своите колеги од израелскиот парламент или Кнесет. Сега истите изигруваат жртви, изненадени и навредени, од, би рекла дури и срамежливите, реакции на јавноста, небаре отишле таму на шопинг, а не во име на македонскиот народ да дадат кукавичка поддршка на земја што врши окупација и хуманитарни трагедии врз палестинскиот народ.
  • Навикната, просечните македонски политичари да не можат да видат ништо подалеку од Табановце и Деве Баир, а камоли да разбираат деликатни и комплицирани политички, геостратешки и империјалистички глобални односи, ќе се обидам накусо да им „нацртам“ каде биле и пред кого ја свиткале кичмата, оптоварувајќи нè и нам со нивниот срам, кој очигледно не го чувствуваат.
  • Амнести интернешнел, по обемната истрага на убиствата, тешките повреди, уништувањето на цивилната инфраструктура и намерното наметнување услови што го загрозуваат опстанокот на населението, заклучи дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа.
  • До истиот заклучок дојде и Независната меѓународна истражна комисија формирана од Советот за човекови права на ОН.
  • Досега во Газа се пријавени повеќе од 71.800 убиени Палестинци, меѓу кои најмалку 21.289 деца и над 171.000 повредени, пишува Ирена Цветковиќ за Призма.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
2

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
3

Така испаѓа

Балканштина
4

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина
5

Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Мешано
6

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина
7

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
8

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
1

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
2

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
3

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
4

Се бара затворање на Информер, Вучиќ најавува прекин на комуникациите

5

Микрософт им понуди отпремнини на 60.000 вработени

6

Нетфликс се изгуби во сопственото сценарио

Занимливости
7

САД градат „Тврдина“ за глобална војна

Свет
8

Антропик се претстави како темпирана бомба за човештвото и инвеститорите

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

До курца со фашисти и предавници

Мали тајни на Стојан Тачката

Повеќе од обичен дрес

Интерстелар, Интерстелар, харе, харе

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy